Пионерската репрезентација повторно ја совлада Малта

Репрезентацијата на Македонија до 14 години предводена од Драган Начевски, и во вториот натпревар беше подобра од Малта во пријателски натпревар во Скопје.

После победата на првиот меч минимално од 1-0, овојпат победата беше изразена со поголема разлика од 4-1. Стојковски, Митревски, Сталески и Џангаровски беа стрелци на головите за нашата селекција.

Во првиот меч победничкииот гол го постигна Ердин Мамути. Двата дуела се одиграа на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Се вчитува...