Пипен како никогаш против Џордан: „Тој беше еден ужасен играч!“

Скоти Пипен веќе три години емоционално е повреден поради начинот на кој беше портретиран во документарецот „Последниот танц“ за Мајл Џордан и неговите минати години во Чикаго Булс. Од тогаш има низа огорчени изјави на сметка на кошаркарот на сите времиња.

Сега, во еден подкаст во САД потенцираше дека Џордан пред да биде со тој тим во Чикаго, и со сите тие соиграчи, бил еден ужасен играч.

„Го гледав Мајкл Џордан како игра пред доаѓањето во Чикаго. Сите сте го гледале, всушност. Беше ужасен играч. Беше ужасно да се игра со него и на почетокот во Чикаго. Постојано играше еден на еден со континуирано лоши шутеви. Потоа одеднаш имавме разговор и станавме тим, па почнавме да победуваме“ – вели Пипен.

Џордан без сомнение во првите професионални сезони играше индивидуална кошарка и повеќе мислеше на тоа колку поени ќе постигне отколку дали тимот ќе победи. Дури по доаѓањето на Скоти Пипен и Фил Џексон како тренер на Булс станаа доминантна сила која ги одбележа деведесеттите од минатиот век. Дури и самиот Џордан призна дека „не би постоел Мајкл Џордан без Скоти Пипен“.

Но, јавноста му замери на Пипен за употребата на зборот „ужасен“, и уште повеќе ја налути со објавата на Инстаграм малку подоцна кога со фоотографија од детството напиша:

„Од скромни почетоци до шест шампионски трофеи, две златни медали, Куќата на славните и предводење на Чикаго булс по бројот на победи во плејофот. Да наздравиме за неопеаните херои“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scottie Pippen (@scottiepippen)

Пипен потенцираше и дека Леброн Џејмс е најголемиот на сите времиња во НБА лигата.

„Статистички Леброн Џејмс е најголемиот кој играл кошарка. Не постои никој рамен на него. Апсолутно никој“ – вели Пипен.

Се вчитува...