Пипен: Коби Брајант беше подобар од Џордан!

Документарниот филм „Последниот танц“ дефинитивно ги наруши односите меѓу Мајкл Џордан и голем дел од неговите поранешни соиграчи од Чикаго булс. Меѓу најнавредените е токму „десната рака“ на Џордан, Скоти Пипен, кој не криеше дека е разочаран што бил погрешно потенциран како главен виновник  во неколку ситуации, лажно прикажани во документарецот.

Одмаздата дојде откако Пипен во интервју за американските медиуми јавно изјави дека за него Мајкл Џордан не е најдобар кошаркар на сите времиња, епитет што треба да му припадне на Коби Брајант.

„Коби беше многу интелигентен лик, веруваше дека може да стане најдобар. Искрено, многу ми е жал што никогаш не му рековме колку е навистина добар. Се обидуваше да биде како Џордан, но ако се вратам наназад и ги погледнам старите снимки, за мене тој беше и подобар од Џордан. Работеше толку напорно, и тоа доаѓајќи директно од средно училиште, без да игра за извонредниот Дин Смит во Северна Каролина, затоа мислам дека Коби е број 1 на сите времиња“, изјави Пипен.

Се вчитува...