Пипен конечно отворено за односот со Џордан по „Последниот танц“

Една од најголемите легенди на Чикаго булс, Скоти Пипен воопшто во јавноста не сака да го изложи своето мислење за „Последниот танц“, документарецот за Мајкл Џордан и златната генерација на Чикаго која пролетва го окупираше спортскиот свет.

Дел од неговите пријатели коментираа дека е разочаран од начинот на кој е претставен во документарецот, при што слушна и серија критики од Џордан на негова адреса. И, по неколку месеци Скоти Пипен конечно се отвори на оваа тема, убедувајќи ја јавноста дека меѓу него и Мајкл Џордан нема нарушени односи.

„Мојот однос со Мајкл е навистина одличен, како што беше секогаш“ – вели Пипен, кој самиот потврдува дека во документарецот се изложени голем број негативни нешта околу неговата кариера.

Одбивањето да влезе во игра затоа што тренерот Фил Џексон последниот шут за победа го одредил за Тони Кукоч, скандалозното однесување кон генералниот менаџер Џери Краус па се до одлуката да оди на операција на почеток од сезоната, место во летниот период кој си го минал одмарајќи, само за да пркоси на раководството на клубот поради преговорите за нов договор…, се само дел од скандалозните однесувања на Пипен прикажани во документарецот.

„Скоти беше свесно против клубот тогаш. Можеше да оди на операција веднаш по крајот на сезоната. А, тој одлучи веднаш што почна следната сезона“ – коментираше Џордан во „Последниот танц“.

Но, сето тоа не го променило нивниот однос…

„Документарецот не промени ништо околу нас. Ќе бидеме пријатели засекогаш. Двајцата игравме тимски, така да јас добро ја знам неговата вредност и како човек. Не може документарецот да ми го промени мислењето“ – истакнува Пипен.

Се вчитува...