Пипо Инзаги си најде нова работа во Серија А

Филипо Инзаги повторно ќе биде дел од Серија А, откако легендарниот голгетер на Милан ја прифати понудата за двогодишна соработка со екипата на Болоња.

Овој стратег не се прослави на клупата на Милан, но потоа замина во Венеција, клуб што го внесе од третата во втората лига. Инзаги беше дел и од баражот за влез во елитата, таму загуби од Палермо на нашите Несторовски и Трајковски, по што реши да си замине од овој клуб и да ја прифати понудата на Болоња.

Тој на тренерската функција ќе го наследи Роберто Донадони, кој доби отказ на крајот од оваа сезона. Инзаги ќе мора да се снаоѓа без најдобриот фудбалер на Болоња, Симоне Верди, кој пред неколку дена беше продаден во Наполи.

Се вчитува...