Пирло: Ако Јуве сака титула во ЛШ, мора да го продаде Манџукиќ

Јувентус повторно останува со празни раце во битката за трофејот во Лигата на шампионите, а ширум Италија трае дискусијата околу главните причини за дебаклот на реваншот против Ајакс. Интересно видување за целата ситуација даде поранешниот ас на „старата дама“, Андреа Пирло, кој за неуспехот на Јуве го обвини Марио Манџукиќ, иако Хрватот воопшто не беше во тимот за реваншот со Ајакс.

Проблемот на Јувентус е во Марио Манџукиќ, говорам севкупно гледано. Мој став е дека Јуве никогаш нема да стане европски првак додека го има Манџукиќ за свој прв напаѓач во тимот. Неопходен е помлад, подобар напаѓач, сега тоа им е јасно на сите во клубот, но веќе е доцна за сезонава. Мора да се реагира во текот на летото, за да не се најдат во иста ситуација и наредната година“ – истакна Пирло.

„Старата дама“ се обидува да го доведе младиот Жоао Феликс од Бенфика, проценет на 100 милиони евра, млад и талентиран голгетер што сигурно е повеќе по вкусот на Пирло отколку што е тоа случај со Марио Манџукиќ.

Се вчитува...