Пирло го „пецна“ Абрамович: Не разбира многу фудбал, бев престар за него…

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло, вели дека најголемиот проблем во англискиот гигант Челси не се тренерите туку раководството. Во 2011 година тој требало да потпише договор со тимот од Лондон, но од раководството наЧелси на чело со сопственикот Роман Абрамович не го сакале бидејќи според нив тогаш 31-годишникот бил премногу стар.

„Додека Анчелоти беше на чело на Челси, имаше можност да преминам во тимот, да играм во Премиер-лигата, меѓутоа од раководството на клубот проценија дека сум премногу стар. На 31. година стар? Втора шанса да играм во најсилната фудбалска лига во светот беше кога Манчестер Сити ме побара, но тогаш одбрав да потпишам за Јувентус. Ќе беше убаво да видев како е да се игра во Англија, но бев среќен што го одбрав Јувентус“, изјави Пирло. 

Италијанскиот генијалец фудбалската карирера ја заврши во 2017 година во тимот од МЛС лигата Њујорк Сити, а претходно во кариерата покрај за Јувентус, настапуваше и за екипите на Милан, Интер, Реџина и Бреша.

Се вчитува...