Пирло: Имаше пенал, ама паметен судија тоа не го суди!

Реал Мадрид доби пенал во 93.минута, по стартот на Мехди Бенатија над Лукас Васкез, а Јувентус прими гол со кој беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Одлуката на англискиот судија Мајкл Оливер го подели фудбалскиот свет…пенал беше или не?!

Фудбалскиот ’Моцарт’, Андреа Пирло, кој долги години го носеше дресот на Јувентус и беше италијански репрезентативец, го даде можеби и најдоброто објаснување.

„Многу ми е жал за Јувентус, за момците, и посебно за Џиџи. На десетина секунди пред крајот да ти досудат пенал, тоа навистина боли многу. Дали беше пенал? Мислам дека беше, но паметен судија во една таква ситуација, пред самиот крај на регуларниот тек на мечот, ќе одмавне со раката и ќе покаже дека натпреварот завршил, а треба да се играат продолженија. И јас збеснав кога видов дека е досуден пенал“, изјави Андреа Пирло.

Се вчитува...