Пирло ја потврди лошата вест за Јувентус

Јувентус ќе биде значително ослабен за утрешното гостување против Порто во првиот осминафинален меч од Лигата на Шампионите, откако двајца значајни првотимци ја загубија трката со времето за настап на оваа средба. Пауло Дибала одработе тренинг со остатокот од тимот, но лекарскиот тим оцени дека ризикот од новреда повреда е преголем, па Аргентинецот нема да настапи утре исто како и Леонардо Бонучи.

Ова се два нови проблеми за тренерот Андреа Пирло, кој во изминатите денови остана и без помошта на Хуан Квадрадо и на бразилскиот плејмејкер Артур.

„Бонучи ќе патува со остатокот од тимот поради атмосферата во тимот, тој е еден од нашите лидер, но нема да може да игра. Дибала исто така не е во комбинација, иако е блиску до враќање на терените“, изјави Пирло на денешната прес-конференција.

Во отсуство на Бонучи во срцето на одбраната на Јуве ќе се појават Де Лихт и Кјелини, а се уште се разгледуваат две опции за нападот, дали Мората да стартува крај Роналдо од првата минута, или пак Кулушевски да добие шанса како полушпиц, а Португалецот да биде најистурен во навалната линија.

Се вчитува...