Пирло: Капело е во право, погрешивме со Киеза

Јувентус продолжува со лошите партии во новата сезона, доживувајќи пораз и од Барселона во Лигата на шампионите. И Андреа Пирло признава дека нештата не се движат согласно посакувањата за Јувентус.

„Знаевме дека ќе биде тешко против Барселона, посебно затоа што тие имаат фудбалери кои играат на високо ниво а ние се уште сме тим во изградба. Беше тоа натпревар кој ни помогна да созрееме. Се надевам дека наскоро ќе се вратат и сите повредени фудбалери затоа што немаме многу избор, па некои фудбалери играат и по два натпревари недели по 90 минути. Тоа не е лесно, посебно кога се работи за млади и неискусни играчи“ – вели Пирло.

Легендарниот италијански стратег Фабио Капело, кој е аналитичар за „Скај спорт“, истакна како Федерико Киеза бил игнориран и топката постојано одела кон Дибала на кого, пак, одбраната на Барселона, максимално внимавала.

„Вистина е тоа што го кажува Капело. Се обидовме да го држиме Киеза широко, идејата беше и да го извлечеме Серхио Роберто надвор од позицијата, но не успеавме. Погрешивме. Мора побрзо да се движиме со топката. Фудбалските клубови имаат ера, а ние влегуваме во нова. Нашите играчи се млади и ќе им биде потребно време да се изградат за да играат на ниво кое го бара Лигата на шампионите“ – вели Пирло.

Се вчитува...