Пирло: Меси има проблем со психата, не со фудбалот…

Андреа Пирло вечерва со Јувентус ќе гостува на „Камп ноу“, а како и сите тренери кои доаѓаат на овој стадион приоритет ќе му биде да најде начин да го запре Лионел Меси. Аргентинскиот генијалец сезонава игра далеку под своите можности сезонава, но Пирло е убеден дека тој се уште ги поседува истите квалитети со кои со години наназад доминира на терените ширум Европа.

Барса и Јувентус веќе се пласирани во следната рунда, поради што вечерашниот дуел нема да носи и дополнителен резултатски притисок.

„Меси има проблем со психата, не со фудбалот. Тој се наоѓа во специфичен момент во животот, не само во кариерата, донесе одлука минатото лето да направи сериозна промена, а не му беше дозволено. Мислам дека се уште нема расчистено со себе дали да остане наредната сезона или не и тоа го измачува. Тоа не значи дека Меси заборавил да игра фудбал, тој е феномен кога станува збор за нашиот спорт“, истакна Пирло.

Воедно, стратегот на Јуве најави дека денешниот дуел на голот ќе го стартува Џанлуиџи Буфон, кој се рехабилитираше од повредата што го мачеше искусниот голман во последните петнаесетина дена.

Се вчитува...