Пирло моли за да остане во Јуве: Заљубен сум во овој клуб, заслужувам да бидам тренер

Јувентус стигна до трофеј во Купот на Италија откако во финалето против Аталанта славеше со 2-1, трофеј со кој што „старата дома“ ја спаси најлошата сезона во последните десет години. Клубот од Торино сезоната во ЛШ ја заврши во осминафиналето, а се уште е неизвесен настапот во најелитното натпреварување следната сезона.

Јувентус пред последниот натпревар од домашното првенство се наоѓа на петтата позиција на табелата со бод зад Милан и Наполи, па избраниците на Андреа Пирло во недела мораат да слават против Болоња, притоа да се надеваат на кикс на Милан и Наполи.

Тренерот на Јувентус се наоѓа на мета на медиумите поради лошиот изглед на тернот и лошите резултати во текот на целата сезона, но младиот стратег по мечот протв Аталанта изјави дека сака остане во клубот.

„Ќе останам во Јувентус. Тука сум со задаца. Го сакам фудбалот и го сакам овој клуб, но на крајот одлуката е на управата. Би сакал да останам, а и играчите се со мене. Заљубен сум во овој клуб“, изјави Пирло.

Се вчитува...