Пирло: Од успехот на Јуве зависи мојата тренерска кариера – Не се плашам од отказ!

Јувентус вечерва во 21 часот ќе се обиде да ја надомести негативата од првиот натпревар (2-1) од осминафиналето во Лигата на шампионите против Порто и да се пласира во четвртфиналето на ова натпреварување. Притисокот е врз „старата дама“ по слабото издание во Португалија вечерва да се одигра на највисоко ниво, а тренерот Пирло е свесен дека вечерашниот дуел е пресметка што мора да се добие.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претходниците на Пирло ги загубија своите тренерски позиции поради неуспехот во Европа, па тимот од Торино утре ќе биде изложен на сериозен испит. Судбината на Андреа дефинитивно зависи од крајниот резултат со Порто, па на оваа тема зборуваше и менаџерот на Јуве.

„Ако размислував така, немаше ни да бидам тука. Клубот ќе одлучи за мојата судбина врз основа на резултатите. Работам ден за ден, го познавам мојот проект и клупскиот проект. За нас, натпреварот утре е како финале. Мораме да го свртиме резултатот. Првиот меч го гледавме неколку пати. Планот на играта не беше таков, но грешката на стартот ја смени играта. Ќе се обидеме да научиме од грешките што ги направивме. Го анализиравме Порто, свесни сме дека можат да играат со употреба на разни системи, но знаеме дека можеме во следната рунда. Мораме да размислуваме така“, изјави Пирло.

Се вчитува...