Пирло пресече: Не сметам на Игуаин, се што имавме си кажавме в лице

Андреа Пирло на првата прес-конференција како тренер на Јувентус ги потврди најавите дека Гонзало Игуаин летово ќе биде продаден од страна на „старата дама“. Ниту неговиот претходник Маурицио Сари не сметаше на Аргентинецот како на стандарден првотимец, а Пирло веднаш ставил до знаење дека Игуаин не му е потребен во тимот.

Зборував со Игуаин, се што имавме си кажавме в лице. Двајцата се согласивме дека е дојдено време да се заврши соработката меѓу него и Јувентус. Тоа е сигурно, јас нема да сметам на неговите услуги“, истакна Пирло.

Игуаин дојде во Јувентус во 2016 година за тогаш рекорден клупски трансфер од 90 милиони евра. Тој никогаш не ја оправда оваа инвестиција, низ годините имаше големи осцилации во формата, а по позајмиците во Милан и во Челси раководството на Јуве сега ќе настојува целосно да го продаде овој голгетер.

Новиот тренер на „старата дама“ исто така ги демантираше гласините дека Пауло Дибала ќе го напушти клубот.

„Дибала ниту бил ниту пак ќе биде на трансфер-листа. Јас сметам сериозно на него, се останато се новинарски шпекулации“, дециден е Андреа Пирло.

Се вчитува...