Пирло: Роналдо беше среќен што го извадив од игра

Јувентус во тешка битка славеше над Интер и си ги задржа шансите за пласман во Лигата на Шампионите за наредната сезона. Кристијано Роналдо беше стрелец на првиот гол на големото дерби, но Андреа Пирло изненади со одлуката да го повлече Португалецот од игра откако „старата дама“ остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Бентанкур.

Кристијано не делуваше најзадоволно од ваквата судиска одлука, но Пирло на прес-конференцијата по мечот тврдеше дека Роналдо бил среќен што повеќе не бил на теренот.

„Ова е првпат да го видам Кристијано да биде среќен што го вадам од игра. Имавме играч помалку, а тој напред трчаше сам, бркајќи сенки по теренот. Тој беше среќен, се смееше во соблекувалната“, изјави Пирло по мечот.

Се вчитува...