Пирло сака да го има Леандро Паредес во Јувентус

Италијанскиот првак Јувентус значително ќе го реновира средниот ред во летниот преоден рок. Новиот тренер Андреа Пирло инсистира да бидат доведени нови квалитетни фудбалери со кои „старата дама“ ќе може да наметне напаѓачка игра и квалитетен пресинг кога ја нема топката во посед за новата сезона во Серија А. Негова желба е фудбалерот на ПСЖ, Леандро Паредес. Тој има договор со „светците“ до 2023 година, а Јувентус е подготвен да плати 35 милиони евра за да го доведе во Торино.

Покрај Паредес, на списокот на желби на Пирло за засилување на средниот ред на Јуве се и Мануел Локатели од Сасуоло, Хусем Ауар од Лион, Томас Парти од Атлетико Мадрид и Родриго де Пол од Удинезе.

 

Се вчитува...