Пирло сам ќе си замине: Син му добива смртни закани поради слабите игри на Јувентус

Андреа Пирло се посериозно размислува на крајот од сезонава самиот да се повлече од тренерската функција во Јувентус откако навивачите почнаа со малтретирање на неговиот син, 17-годишниот Николо.

Самиот Николо Пирло го обелодени ова во медиумите, откривајќи дека добивал дури и смртни закани од незадоволни навивачи на „старата дама“.

„Мораш да умреш заедно со својот татко“ – пишуваше во пораката што Николо ја обелодени во јавноста.

Потоа, синот на Пирло јавно упати апел ваквите грозни пораки да престанат.

„Постои граница за се, а таа е мината уште пред извесно време. Имам 17 години и секој ден примам пораки со ваква содржина, без да направам било што погрешно. Единствениот проблем е што сум син на тренерот што најверојатно не му се допаѓа некому. Секој ден добивам пораки со навреди, од луѓе кои велат дека ми посакуваат смрт. Ставите се за момент на мое место и кажете како би се чувствувале“, напиша Николо Пирло.

Се вчитува...