Пирло се враќа во Јувентус

Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло би можел да се врати во Јувентус, како тренер во младинскиот тим на калчолигашот, пренесуваат италијанските медиуми.

Наводно, планирано е Пирло да го преземе младинскиот состав на тимот од Торино, кој се натпреварува во Серија Ц. Б-тимот на Јувентус, сезоната ја заврши на разочарувачкото 12. место, поради што се очекува заминување на досегашниот тренер Мауро Зинорели.

Доколку се покажат како точни пишувањата на медиумите на Апенините, тоа ќе биде прв самостоен тренерски ангажман на легендарниот фудбалер.

Пирло го напушти Јувентус во 2015 година, кога премина во Њујорк Сити во кој две години подоцна ја заврши кариерата.

Се вчитува...