Пирло знае што му треба на Јувентус за да ја освои Лигата на шампионите

Поранешнот фудбалер на Јувентус и легенда на италијанскиот фудбал Андреа Пирло смета дека тимот од Торино и покрај доминацијата во домашното првенство, мора да го засили средниот ред за да биде конкурентен во Лигата на шампионите. Легендарниот Италијанец смета дека идеално решение за „старата дама“ би бил фудбалерот на Реал Мадрид, Иско.

„По мое мислење на Јувентус му е потребен Иско. Јувентус е доминантен во Италија, но мораат да ја освојат Лигата на шампионите. Средниот ред е нешто што мораат да го подобрат. Немаат квалитет во средниот ред, бидејќи мораат да му ја донесат топката на Роналдо, а тоа не им успева“, изјави Пирло. 

Пирло ги бранеше боите на Јувентус во периодот од 2011 до 2015 година, во кои забележа 119 настапи, на кои постигна 16 гола.

Се вчитува...