Писонеро: Кил е голем клуб, но кога Вардар игра во Скопје…

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Давид Писонеро, очекува неговиот тим да ја продолжи победничката серија и на саботниот меч со Кил. „Црвено-црните“ во текот на летово загубија од германскиот гигант во рамките од Супер-глоуб натпреварувањето, но оттогаш формата на „вардарци“ е крената на многу повисоко ниво.

„Очекувам во Скопје да се игра многу побрзо отколку во Дамам, а тоа дефинитивно повеќе би ни одговарало на нас отколку на противникот. Дуелот со Кил е многу важен, на еден начин можеби е и меч на сезоната за нас бидејќи е многу сериозен испит. Го играме првиот тежок меч на домашен терен, Кил е голем клуб, тим што игра одличен ракомет. Сепак, кога Вардар игра во Скопје, пред своите верни навивачи, тогаш е јасно дека со таа поддршка е многу полесно да се стигне до добар резултат“ – изјави Писонеро.

Вардар и Кил ќе ги одмерат силите в сабота со почеток во 17.30 часот.

Се вчитува...