Писонеро: Мојот стил на игра е сличен на оној на Парондо

Давид Хозе Писонеро експресно се договори за соработка со раководството на Вардар, одговарајќи на предизвикот да седне на клупата на актуелниот европски шампион. Шпанецот со гордост го очекува најголемиот предизвик во својата кариера, а стилот на игра што го негува е многу сличен на оној на довчерашниот стратег на „вардарци“, Роберто Гарсија Парондо.

Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил на игра што јас го негувам. Јас сакам да работам секојдневно и да размислувам така, и не гледам далеку пред себе. Горд сум што ќе бидам тренер на Вардар и што ќе бидам дел од Лигата на шампионите,“ изјави Давид Хосе Писонеро за клупската веб-страница.

По ангажманот на нов тренер, за очекување е во најскоро време „црвено-црните“ да почнат и со пополнување на дупките во тимот што настанаа со заминувањето на неколку првотимци.

Се вчитува...