Писонеро: Најлесно е кога играчите веруваат во себе

Стратегот на Вардар, Давид Писонеро, може да биде презадоволен од изданието на „црвено-црните“ во второто полувреме против Порто, кога со голем пресврт македонскиот клуб успеа да стигне до победата, втора во низа од стартот на сезонава во Лигата на шампионите.

„Честитки на екипата на Порто која одигра одличен меч и покажа дека и е место во елитното друштво. Во првото полувреме не игравме како што треба, но во вторите 30 минути бевме далеку подобри. Променивме неколку работи, ситници кои ни донесоа резултат. Дефинитивно ја подобривме одбраната, го задржавме Порто на само 12 гола во второто полувреме и тоа ни ја донесе победата. Она што суштински се промени беше вербата на тимот, бидејќи кога играчите веруваат во себе, тогаш се е многу полесно. Во првото полувреме имавме проблем со брзата игра на Португалците, но одговоривме на предизвикот и дојдовме до резултатот што го посакувавме“ – изјави Писонеро на прес-конференцијата по натпреварот.

 

Се вчитува...