Писонеро: Порто игра „седум на шест“, но верувам дека ќе го решиме

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Давид Писонеро, е оптимист дека „црвено-црните“ ќе се надоврзат на големиот триумф во Монпелје со победа на неделната пресметка против Порто, прв домашен меч на Вардар во ЛШ сезонава. Португалскиот тим функционира одлично со тактиката „седум на шест“ во нападот, нешто за што Писонеро ќе треба дополнително да ги подготви своите избраници.

„Пред нас е мечот со Порто, на кој мораме да победиме бидејќи во случај на неуспех ќе го загубиме она што го добивме со победата во Монпелје. Порто игра „седум на шест“, тоа е нивни препознатлив стил на кој ние ќе мораме да се навикнеме. Ова ќебиде наш прв домашен меч во ЛШ, ќе сториме се за да победиме пред нашата публика. Ме радува што сме речиси комплетни со исклучок на повредените Стоилов и Толедо, против Металург во Супер-купот штедевме сили и се чувавме токму за овој меч“ – изјави Писонеро.

Натпреварот меѓу Вардар и Порто се игра в недела со почеток во 17 часот.

 

Се вчитува...