Писонеро: Пресреќен сум по една ваква победа…

Тренерот на Вардар, Давид Хозе Писонеро сосема очекувано не го криеше задоволството од стартот со победа на „црвено-црните“ во новата сезона од Лигата на шампионите.

„Вардарци“ во тежок дуел сосема заслужено стигнаа до гостински триумф против француски Монпеље…

„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Тоа беа два различни меча во еден. Противникот имаше навистина многу голови во првото полувреме, со наша лоша одбрана. Но, во вториот дел игравме далеку подобро и со реализација во финишот, па сигурно сум пресреќен со победата против тим како Монпеље“ – истакна Писонеро по мечот.

А, разочаран беше стратегот на Французите, Патрис Канаје…

„Честитки за Вардар. Беше неизвесен меч во кој можевме и ние да победиме, и и тоа ќе беше заслужено. Нашиот шут откажа во финишот од мечот и тоа пресуди. Загубивме и значаен играч на почетокот од натпреварот и ни спречи можност за ротација. Но видов многу позитивни нешта кај моите ракометари со оглед на тоа што игравме против европскиот шампион, и тоа ме радува за продолжението од сезоната“ – истакна тренерот на Французите.

Се вчитува...