Писонеро: Ужасно прво полувреме…Јиха: Овде не се победува лесно

Вардар доживеа убедлив пораз (20-31) на домашен терен од Кил, прв во Лигата на шампионите оваа сезона, а тренерот Давид Писонеро вели дека е горд само на второто полувреме. Во првиот дел, Вардар постигна само четири гола (4-16).

„Горд сум на играчите бидејќи имавме многу проблеми во првото полувреме, не сум видел полувреме со четири гола, горд сум на вториот дел. Особено ми е драго за навивачите кои беа со нас цело време. Им благодарам за поддршката. Првото полувреме беше ужасно, доцна почнавме да играме одбрана, во второто полувреме се обидовне притискавме, но тешко е да се браниш против тим како Кил. Имавме шанса да се вратиме, но сепак тие беа предалеку. Мора да се држиме заедно и да прдолжиме со победа во следниот натпревар“, истакна тренерот на Вардар, Давид Писонеро.

Тренерот на Кил, Филип Јиха, вели дека не очекувал Вардар да прими толку голови на домашен терен. Задоволен е од триумфот.

„Среќни сме што победивме на овој натпревар, дефинитвно никој не очекувше дека би можеле Вардар да го победиме со толку многу голови разлика. Причините се во одбранта 5-1 и одличната работа на Ландин, тој бше како зид, поради него псотигнувавме лесно голови и го имавме едно најдобрите полувремиња. Во вториот дел Вардар наоѓаше решение за одбраната и беа подобри во нападот, ние имавме проблеми. Не сум победувал многу пати овде и затоа сум многу задоволен“, изјави Филип Јоха.

Се вчитува...