Питино: Ако Јанис игра НБА финале, нема да игра за Грција

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Грција и тренер на Панатинаикос Рик Питино вели дека се уште е рано дали Јанис Адетокумбо ќе игра за репрезентацијата на квалификациите за пласман на ЛОИ во Токио.

„Ќе видиме што ќе биде со Јанис. Се зависи од неговиот НБА распоред. Секако сакаме да отиде што подалеку во плеј-офот. Турција и Канада имаат најмногу НБА талент, но тоа не важи на вакви натпревари. Многу мислат дека се зависи од Јанис. Неговиот тим во моментов има најдобар скор на Истокот во НБА и ако стигна до финале тогаш сигурно нема да го имаме во квалификациите“, изјави Питино. 

Први противници на турнирот на Грците ќе им бидат, Канада и Кина, а доколку ја поминат групната фаза следен противник ќе биде една од репрезентациите на Уругвај, Чешка или Турција. Квалификациите се во периодот од 23. до 28. јуни, додека НБА финалето најкасно ќе заврши на 21. јуни.

Се вчитува...