Питс пред Ловќен: Се ќе биде полесно по триумфот над Подгорица

Работнички го надмина големото разочарување по поразот на стартот од АБА2, па со триумфот над Погорица се врати и оптимизмот во таборот на „центарци“. Денеска (15 часот) пред „црвено-белите“ е нов предизвик, против екипата на Ловќен, дуел на кој избраниците на Мираковски не смеат да си дозволат нов „кикс“ на Златибор.

„Имавме тешка недела пред нашиот прв натпревар во „балонот“, бевме изморени од долгите патувања и големиот број на натпревари, но стигнавме до победа која навистина ни беше потребна. Но, многу сум сигурен за преостанатите натпревари во „балонот“, кога играме тимски и со енергија можеме да се натпреваруваме со било кој тим тука. Се ќе биде полесн по триумфот над Подгорица“ – изјави Дамиер Питс за ЕКИПА.

Црногорскиот состав постигнува, но и прима голем број на поени, па клучно за момците од „Градски Парк“ е да се одигра врвна одбрана и да се се оземат лесните поени, a клучен ќе биде и шутот зад линијата 6,75, што е едно од главните оружја на овој тим на Работнички.

Се вчитува...