Пивковски со гол за Ландскрона се приклучува на подготовките за ЕП во Полска… (видео)

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Филип Пивковски со гол постигнат за шведската Ландскрона се приклучува на подготовките на селекцијата на Благоја Милевски за престојното Европско првенство во Полска.

Пивковски вчера стрелаше за Ландскрона во победата од 3-0 против Квидинг во Третата лига на Шведска. Ова е прв гол сезонава за Пивковски во дресот на Ландскрона, која по осум кола е на врвот од табелата наметнувајќи ја кандидатурата за влез во повисок ранг на натпреварување следната сезона.

Тренер на Ландскрона е Агим Сопи, поранешниот помошник на Благоја Милевски во младата репрезентација на Македонија кој токму поради засилениот ангажман во клубот се откажа од натамошната партиципација во стручниот штаб на младата репрезентација.

Филип Пивковски од денеска треба да се стави на располагање на Благоја Милевски на подготовките за Европското првенство во Полска, кои до 12. јуни ќе се реализираат во Скопје.

Се вчитува...