Пиво за вардарци – ваков пораз ич не боли!

Ракометарите на Вардар имаат причина да се радуваат. Иако неосвоивата тврдина во СЦ „Јане Сандански“ падна по цели 15 месеци без пораз, сепак вардарци вечерва славеа и покрај поразот од Кил. Актуелниот европски шампион обезбеди пласман на Ф4 во Лигата на шампионите и ќе ја брани европската круна.

Задоволни сме што сме повторно на Ф4 турнирот. Знаевме дека ќе биде тешко на овој натпревар. Кил е одлична екипа со голема историја. Бевме свесни дека ќе биде тешко до последната минута. Но среќата ги следи храбрите. Цела сезона работиме максимално и како што треба. Сега ја добивме наградата со уште еден завршен турнир во ЛШ. Сакам да им честитам на играчите од Кил, ние 15 месеци немавме пораз на домашен терен, но се случи и тоа. Српак, овој пораз не боли бидејќи ние се радувавме на крај и го заслуживме тоа“ – изјави Тимур Дибиров.

Вардар во вторник ќе го дознае противникот во полуфиналето во Келн. На Ф4 во Келн се Нант со Кире Лазаров, ПСЖ, а четворката може да ја комплетира и Монпелје кој го игра реваншот со Фленсбург на домашен терен. Дибиров вели дека  вардарци вечерва нема да размислуваат за следниот противник, туку ќе го прославуваат пласманот во Келн.

„Сега сакам да испиеме сите по едно пиво и да прославиме. Потоа ќе размислуваме. Сепак, мора да се одигра добро против секого ако се сака титулата“ – вели крилото на Вардар.

Се вчитува...