Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ го договори својот трансфер во Барселона, каде ќе премине од редовите на Јувентус. Тој изјави дека каталонскиот гигант за него е остварување на сонот од детството.
„Мене ми се оствари сонот од детството. Среќен сум и горд, не само поради себе, туку и поради своите родители, но и целата Босна и Херцеговина. Никогаш нема да заборавам од каде почнав. Барселона е еден најголемите клубови на свет, а да се биде дел од него е најголемото скалило за секој фудбалер“, изјави Пјаниќ.
Пјаниќ ќе остане во Јувентус до крајот на тековната сезона, а на крајот на август или почетокот на септември официјално ќе биде претставен во Барселона. За репрезентацијата на Босна и Херцеговина тој досега запиша 92 настапи на кои постигна 15 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА