Пјаниќ го „уништи“ Куман при заминувањето: Не ме почитуваше, се’ уште не знам што сакаше од мене

Фудбалерот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ (31) ја напушти Барселона и оваа сезона ќе ја помине на позајмица во турскиот шампион Бешикташ.

Пјаниќ не доби вистинска шанса да игра со Роналд Куман минатата сезона и одигра само 30 натпревари, претежно почнувајќи ги од клупата.

Во интервју за мадридска „Марка“, Миралем истакна дека Куман не го почитува и дека воопшто не знае што бара холандскиот стручњак од него.

„Куман не ме почитуваше. Никогаш не зборуваше со мене. Не можев да ја прифатам ситуацијата што ми се случи минатата сезона. Јас сум фудбалер, сакам да играм и тоа е она што ме прави среќен”, изјави Пјаниќ.

Миралем посочи дека не се кае што потпиша за Барса.

„Отсекогаш го сакав стилот на игра што го претпочита Барселона. Тие се вклопуваат во мојата филозофија на играта и го играат фудбалот што го сакам. Кога ќе дојдете во нов клуб, го гледате само она за што сте сонувале однадвор. За мене тоа беше секогаш цел да играм за клуб како Барса, но не очекував дека ќе бидам во таква комплицирана ситуација …“, заклучи фудбалерот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miralem Pjanić (@miralem_pjanic)

 

Се вчитува...