Пјаниќ и Умтити се слободни да заминат од Барса, но никој не ги сака…

Барселона продолжува со реконструкција на тимот кој во следните години ќе треба да се врати на врвот на Шпанија и Европа, но ситуацијата на „Камп Ноу“ воопшто не е идеална. Финансиските проблеми повторно одекнуваат, а проблем е и новиот договор на Меси за кој каталонците ќе мораат да отпуштаат играчи.

Едни од нив се Миралем Пјаниќ и Самјуел Умтити кои стигнаа во Барселона како огромни засилувања, но одиграа далеку под очекувањата. Двата фудбалери не се ниту во втор план на каталонците па согласно со тоа се и слободни да ја променат околината, пренесуваат шпанските медиуми.

Барселона сака да се реши од големите примања на репрезентативците на БиХ и Франција, но се јавува и проблем во тоа што досега на „Камп Ноу“ нема понуда за овие играчи. Договорот на Пјаниќ со Барселона му гарантира плата од 45 милиони евра по сезона па јасно е и дека 31-годишникот нема да ја напушти средината доколку не стигне примамлива понуда.

Се вчитува...