Пјаниќ лут на Алегри: Му заврте грб по замената во 65. минута… (ВИДЕО)

Јувентус и покрај неочекуваниот пораз од Јанг Бојс заврши на првото место во Групата Х од првата фаза во Лигата на шампионите.

Но, Миралем Пјаниќ не беше нешто пресреќен од фактот дека Јувентус завршува на челната позиција, по синоќешниот меч. Незадоволството од замената во 65.минута го искажа на тој начин што го одбегна тренерот Алегри, вртејќи му грб пред моментот да оди на клупата. Пјаниќ се одлучи да се упати директно кон соблекувалната, што јасно го покажува неговиот „став“…

Алегри, пак, по натпреварот истакна дека Пјаниќ го заменил поради ладното време.

„Зошто го заменив? Па, на теренот беше шест степени под нулата. Сакав да го зачувам за предизвиците кои не чекаат веќе во сабота“ – рече Алегри.

Се вчитува...