Пјаниќ: Нема фудбалер кој не би сакал да игра за ПСЖ

Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ најверојатно ќе го напушти Јувентус во летниот преоден рок, а за француските медиуми изјави дека не би имал против да го облече дресот на Пари Сен Жермен, доколку шампионот на Франција навистина појавува интерес да го види на „Паркот на принцовите“.

„ПСЖ е еден од најголемите европски клубови. Тие сакаат конечно да ја остварат големата цел, да го освојат трофејот во Лигата на шампионите. Таков клуб сигурно е привлечен за секој фудбалер. Ако ве повикаат, сигурно ќе сослушате што имаат да кажат“, изјави Пјаниќ за француската телевизија „Канал +“.

Јувентус доминантно ја освои шампионската титула во Италија, но не успеа да дојде до завршницата во Лигата на шампионите.

Се вчитува...