Пјаниќ потпишува нов договор со Јувентус

Босанскиот инернационалец Миралем Пјаниќ ќе остане во Торино, иако ова лето се најавуваше негов трансфер во Реал Мадрид, Барселона или ПСЖ. Сепак, Јувентус успеа да го убеди одличниот играч за врска да остане во клубот и да ја продолжи верноста кон „бјанконерите“.

Раководството на „старата дама“ на Пјаниќ му понуди подобри услови за продолжување на соработката. Според италијанските медиуми, Пјаниќ се согласил да заработува 6 милиони евра во наредниот период додека го носи дресот на Јувентус. Тоа значи зголемување на годишната плата за 1,5 милиони евра, во однос на досегашниот договор.

Се вчитува...