Пјаниќ само сака трансфер во Барселона, ПСЖ и Челси не го интересираат

Миралем Пјаниќ останува цврсто на одлуката да направи трансфер во Барселона. Преговорите меѓу каталонскиот клуб и Јувентус на оваа тема и натаму траат иако е јасно дека пропадна опцијата за своевидна размена со Артур Мело кој објави дека сака да остане во Шпанија и да успее таму.

Пјаниќ не бил заинтересиран ниту за Челси, ниту за Пари Сен Жеремен, клубовите кои имале конкретни понуди. Босанецот експресно ги отфрлил иако и двата клуба наводно биле многу упорни.

Компликацијата настана поради тоа што коронакризата направи финансиски проблеми кај клубовите вклучувајќи ја и Барселона. Затоа клубот се обидува да го добие Пјаниќ, а да испрати играчи во Италија. Ако не може да се направи ова, Барса ќе мора да продава фудбалери за да дојде до парите за посакуваниот играч.

Се вчитува...