Пјаца е мамката на Алегри за да дојде до Сергеј Милинковиќ – Савиќ

Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ – Савиќ е еден од најпосакуваните фудбалери во Европа во овој летен преоден рок. Фудбалерот за врска на Лацио е цел на големите европски гиганти, а Јувентус ќе се обиде да го задржи во Серија А, но да го доведе во Торино. Тренерот Масимилијано Алегри има смислено и убав план.

Јувентус е подготвен да го испрати напаѓачот Марко Пјаца во Лацио, како дел од евентуалниот трансфер на Сергеј Милинковиќ – Савиќ. „Старата дама“ би го проценила Србинот на околу 120 милиони евра, со тоа што Пјаца би бил дел од трансферот, а раководството на клубот би доплатило и околу 80 милиони евра за посакуваниот играч.

Марко Пјаца се враќа во Торино откако беше на позајмица во Бундес-лигата, во редовите на Шалке 04, и таму не се снајде најдобро. Тој на девет натпреври за тимот од Гелзенкирхен успеа да постигне два гола.

Се вчитува...