Пјонгчанг го урива олимпискиот рекорд

На Зимските олимписки игри во Пјонгчанг што почнуваат за неколку дена, ќе учествуваат рекорден број спортисти во историјата на зимските олимпијади. За ЗОИ во Јужна Кореја досега учество имаат пријавено околу 3000 спортисти од 95 земји. Рокот за пријавување истекува денеска на полноќ.

Актуелниот рекорд според бројот на учесници на Игрите го држат ЗОИ 2014 во Сочи, на кои настапија 2.800 спортисти од 88 земји.

На Олимпијадата во Пјонгчанг што ќе се одржи од 9 до 25 февруари, ќе бидат поделени и рекордни 102 комплети на медали заради вклучување на нови дисциплини во олимписката програма.

Се вчитува...