Пјонтек влезе во игра и веднаш донесе водство за Полска

Кжиштоф Пјонтек влезе на стартот на вториот дел и се покажа како „златна замена“ за селекторот на Полска, Јержи Бржечек. По само две минути во вториот дел, по корнерот од десната страна, Пјонтек зафати ножички, не беше тоа силен удар, но топката го изненади Столе Димитриевски, не успеа да ја зафати ниту Глик, и се истркала во мрежата на Македонија.

Од 47.минута, фудбалската репрезенација на Полска има водство на „Тодор Проески арена“.

Се вчитува...