План „Б“ во Реал Мадрид за Мбапе е соиграчот на Елмас

Реал Мадрид ова лето ќе се обиде да ги доведе Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд во своите редови, а доколку не успее да ги ангажира Французинот и Норвежанецот, план „Б“ е соиграчот на Елиф Елмас, Виктор Осимен, пренесуваат шпанските медиуми.

Дваесетитригодишникот оваа сезона блеска во дресот на Наполи со 11 постигнати гола во италијанското првенство и Лига Европа со што го примами погледот на неколку европски гиганти. За неговиот потпис заинтересиран е и Манчестер Јунајтед кој е подготвен да изводи и до 100 милиони евра.

Сепак приоритет за мадридскиот клуб остануваат фудбалерите на ПСЖ и Борусија Дортмунд, а со оглед на името на клубот не би било чудо доколку двајцата го облечат белиот дрес следната сезона.

Се вчитува...