Плати на тренерите: Конте зема двојно повеќе пари од Сари

Тиражниот весник „Газета дело спорт“ по платите на сите фудбалери во „Серија А“ денеска ја објави и ранг-листата на сите тренери во елитното италијанско фудбалско друштво според платата што ја заработуваат со актуелните договори што ги имаат.

Интер дефинитивно не жали пари за да се врати на врвот на италијанскиот фудбал, па „нероаѕурите“ му понудија феноменални услови на Антонио Конте за да се врати на Апенинскиот полуостров. Поранешниот тренер на Јуве и Челси потпиша договор за плата од огромни 11 милиони евра, што е двојно повеќе од сумата што ја добива стратегот на Јувентус, Маурицио Сари.

Трет на оваа ранг-листа е Карло Анчелоти со пет милиони евра годишна плата во Наполи, а зад него следат Синиша Михајловиќ во Болоња и Пауло Фонсека во Рома со по три милиони евра по сезона годишна заработувачка.

Се вчитува...