Платини: На францускиот фудбал му дадов доволно, не се враќам

Поранешниот прв човек на УЕФА и легендарен француски фудбалер Мишел Платини кој се најде во центарот на скандал за корупицја, беше ослободен од обвинение по истрага која траеше седум години, а сега открива нема намера да се врати на раководно место во фудбалот.

Платини се најде во гласините за нов претседател на француската фудбалска федерација, но ги одби истите велејќи дека за него таа приказна е завршена.

„Во јули кога бев ослободен од обвинението во Шварцарија дадов изјава дека нема да се вратам во фудбалските институции. Тоа е тоа. Точка. Мојата приказна можеби не е готова, може има и други работи кои можам да ги работам во фудбалот, но не се враќам. Дадов доволно, бев потпретседател на федерацијта пред 30 години“, вели Платини.

Се вчитува...