Платини: Вар е измислен за да им ги спасува задниците на судиите

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини жестоко и без задршка го критикува ВАР -системот, но начинот на кој во моментов функционира правилото на Финасиски фер-плеј. Французинот кој пет години е надвор од фудбалот поради изречената суспензија за спорната финансиска транскација меѓу него и ФИФА во време на мандатот на Сеп Блатер, во интервју за италијанскиот „Corriere dello Sport “ вели дека Вар е измислен за да ја намали одговорноста на судиите.

„ВАР не ги решава работите, само прави мешаница и не носи никаква правда. Дали е сра*е ? Да. Зошто постои? За да им ги спасува заднивците на судиите. Денеска никој не зборува за судиите, туку сите зборуваат за ВАР кој направи тие целосно да бидат ослободени од одгворност“ – вели Платини.

Што се однесува до Финасискиот фер-плеј, Платини објаснува дека бил воведен за да направи баланс во трошењето на клубовите, да трошат колку што имаат односно заработуваат и да придонесе за самооддржливост на клубовите што би биле насочени кон структурен развој и кон малдинските категории. Зошто во моментов тоа не е така, Платини вели „прашајте го Чеферин“.

Суспензијата на Платини истече во октомври минатата година. Тој најави дека на некој начин ќе се врати во фудбалот, но и натаму не е активен.

Се вчитува...