Плех ќе брани на голот на Пелистер

Раководството на Пелистер успешно ги финишираше преговорите за уште еден трансфер, босанскиот голман Харис Плех денеска потпиша двогодишен договор со битолскиот суперлигаш.

Станува збор за 22-годишен чувар на мрежата висок 195 сантиметри, кој во Пелистер доаѓа од турскиот тим МЈК-Анкара а претходно настапуваше и за ХИФК Хелсинки , АЕК Атина и матичниот МРК Горажде.

Пелистер по првото летно засилување Милан Поповиќ и продолжената соработка со Никола Ивановски и Костадин Петров продолжува со градење на тим за новата натпреварувачка сезона .

Се вчитува...