ПЛЕЈ-АУТ: Прилеп ја освои Струга

Ракометарите на Прилеп стигнаа до првата победа во плеј-аут сегметот во домашниот шампионат, откако денеска славеа на гостувањето кај Струга со 26-28.

Гостите подобро го отворија натпреварот и во неколку наврати стигаа и до плус три. Сепак, домаќините заиграа подобро во продолжението на првите 30 минути и на пауза Прилеп замина само со гол позитива 16-17.

Како и првото полувреме така и вториот дел гостите подобро го отворија, а кога стигнаа повторно до три разлика 20-23, овојпат не ја прокоцкаа и стигнаа до конечен триумф од 26-28.

Христи Бикоски со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Петар Маркоски заврши со пет гола.

Се вчитува...