ПЛЕЈ-АУТ: Струга го освои Радовиш

Ракометарите на Струга очекувано славеа над последнопласираниот тим во плеј-аутот од ракометната суперлига Радовиш на гостински терен со 22-28 во осмото коло. Гостите подобро го отворија натпреварот и брзо стигнаа и до предност од пет гола (3-8). Водството го држеа до крајот на првиот дел, па на пауза заминаа со предност од (9-12).

Во второто полувреме рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 22-28. Жарко Бајрактаревиќ со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените дури петорица ракометари постигнаа по три гола (Постолов, Каковски, Органџиев, Ристов и Трајчевски).

ПЛЕЈ-АУТ 8. КОЛО: 

ПРОЛЕТ – ПРИЛЕТ (27-24)

РАДОВИШ – СТРУГА (22-28)

СКОПЈЕ (СЛОБОДЕН)

Се вчитува...