Плејаут: Академија ФМП со џиновски триумф во Охрид

Битката за опстанок во кошаркарската елита стана уште поинтересна откако Академија ФМП успеа да слави на вечерашното гостување против Охрид со резултат 88-93. Скопскиот тим имаше една победа помалку од охриѓани во пресрет на доигрувањето, но со денешниот триумф стигна до скор 5-18, колку што има и Охрид, зад Кожув со 5-17, а пред Вардар кој моментно е последен со три победи и 19 порази.

Вечеашната пресметка во „Билјанини Извори“ мина во израмнета битка меѓу две силно мотивирани екипи. Гостите од Скопје беа нешто подобри во првото полувреме на одмор заминувајќи со предност од 41-45. Охриѓани заиграа нешто подобро и во третиот период го свртеа резултатот во своја полза. Домаќините имаа водство од 78-73 во последната четвртина, но Академија ФМП одговори со серија од 0-6, по што гостите добија на самодоверба во завршницата и заслужено триумфираа со резултат 88-93.

Робертс со 28 поени беше прв стрелец на победничкиот тим, Лука Петровски реализираше 21 поен, додека кај Охрид најефикасни беа Андерсон со 32 и Лајонс со 19 поени.

Се вчитува...