Плејаут Суперлига: Работнички со убедлив триумф над Астраион им се врати на победите

По поразот од Јуниот во претходното коло, Работнички им се врати на победите откако во четвртото коло од плејаут фазата на Суперлигата славеше убедливо со 39-19 против „фенерџијата“ Астраион од Струмица. Скопскиот состав текот на мечот го назначи од самиот почеток и во ниеден момент не дозовли гостинот да се надева на победа.

Астраион парираше само во почетните минути по што следеше игра во серии на Работнички со која до полувремето „црвено-белите“ поведоа со убедливи +15 (20-5). Текот на мечот не се промени ниту во второто полувреме во кое центарци дополнително ја зголемија предноста и ја потврдија фаворитската улога.

Добревски и Ќосевски беа предводници на Работнички со по седум гола, додека еден помалку додаде Дука. Кај гостите од Струмица седум гола постигна Касапов, додека по четири погодоци додадоа Јанковски и Ефтимов.

Се вчитува...