Плишкова е прва полуфиналистка на турнирот во Сингапур

Каролина Плишкова ја забележа втората победа во „белата“ група на завршниот турнир на осумте најдобри тенисерки во годината со триумфот во третото коло од прелиминарниот сегмент над Петра Квитова со 2-о во сетови и обезбеди пласман во полуфиналето.

Плишкова која втора година по ред е полуфиналистка на ВТА завршницата, на повозрасната сонародничка  и препушти 3 гема во првиот и 4 гема во вториот сет. Квитова пак имаше неочекувано слаб настап во Сингапур и турнирот го заврши со три порази.

Конечниот пласман на Плишкова во групната фаза ќе зависи од исходот на вториот дуел од третото коло во кој играат Елина Свитолина и Каролине Возњаки. Ако Свитолина победи, таа ќе заврши на првото место, а Плишкова ќе биде втора. Ако Возњаки победи во два сета, тогаш Плишкова ќе биде прва, а Данката втора. Ако Возњаки победи во  три сета, тогаш Плишкова ќе биде победничка на групата, а Свитолина ќе се квлафикува како втора.

Се вчитува...