Плишкова елиминирана од Ролан Гарос

Новиот натпреварувачки ден на женскиот дел од Ролан Гарос донесе и нова елиминација на голема фаворитка, откако денеска својот настап во Париз го заврши втората носителка Каролина Плишкова. Чешката тенисерка за противничка ја имаше Јелена Остапенко и не успеа да најде лек за извонредната офанзивна игра на Белорусинката, која имаше дури 26 винер-удари наспроти само девет на Плишкова.

Остапенко, која е освојувачка на Ролан Гарос од 2017 година, го доби првиот сет со 6-4, а потоа продолжи со уште подобра игра, триумфирајќи со 6-2 за заслужен пласман во следната рунда.

Следна противничка на Остапенко ќе биде подобрата од денешниот дуел меѓу Слоун Стивенс од САД и Паула Бадоса Гиберт од Шпанија.

Се вчитува...